Нова српска (а ко да е наша) сатира (5) - Aфоризмот е нашата животна приказна

16.08.2016 12:22
Нова српска (а ко да е наша) сатира (5) - Aфоризмот е нашата животна приказна

ЗА ВОДАЧОТ

Водачот ќе замине во пекол. Партијата смета дека е добро да има свој човек таму.
Зоран С. Станоевиќ

На џелатот му понудија да работи за мафијата, но тој не сака да ја пушти државната цицка.
Зоран С. Станоевиќ

Кога царот е гол секогаш е безобразен.
Слободан Симиќ

Тој политичар не им припаѓа на криминалните кругови. Тој е криминалец на квадрат.
Срѓан Динчиќ

Ограничените политичари главно владеат неограничено.
Зоран Матиќ Мазос

Роден е расипикуќа. Ќе прооди и неподвижниот имот.
Владимир Миќковиќ

Не знам што правам но тоа добро го правам.
Срѓан Јовановиќ

Толку сум луд што сево ова ми е нормално.
Саво Мартиновиќ

ЗА ВЛАСТА

Откако кохабитацијата влезе во мода, ѓаволот веќе не бега од крстот.
Томислав Марковиќ

Сега кога сме на работ на провалијата, ќе имате потполна слобода на движењето.
Зоран С. Станоевиќ

Власта ништо не му препушта на случајот. Сè самата упропастува.
Срба Павловиќ

Доста имаме заштедено за црни денови. Сега ни е во интерес да дојдат.
Срѓан Динчиќ

Сведок сум на несреќата на мојата татковина. Морав да избегам од местото на настанот.
Драган Илиќ

Полицијата прва стигна на местото на злосторот. Да ја сочека жртвата.
Дејан Тофчевиќ

Од извори, блиски до власта, течат мед и млеко.
Срѓан Јовановиќ

Жртвите го наклеветоа злосторникот оти не знаеја каков е тој херој.
Дејан Тофчевиќ

Нашата власт не одговара на провокации, а ниту на кој било друг.
Зоран Матиќ Мазос

Изговор на човекојадците - луѓето се стока.
Немања Савиќ

ЗА НАРОДОТ

Aфоризмот е нашата животна приказна.
Слободан Симиќ

Подемот беше толкав што народот мораше да остане во подножјето.
Срба Павловиќ

Памет во глава - звучи смешно ама мене грбот веќе не ме боли.
Дејан Тофчевиќ

Голта зборови оти испил ќотек.
Дејан Тофчевиќ

На Србите им е потребен стап за да ги прескокнат високите стандарди.
Драган Илиќ

Ни на богаташите не им е лесно. Ние се гушиме во долгови, но и тие се дават во изобилие.
Слободан Трикиќ

Не е лесно него да го научиш на памет. Пружа голем отпор.
Дејан Милојевиќ

Не е тешко на политичарите да им се скрои капа. Доволно е на народот да му се одере кожата.
Весна Денчиќ

Не можеме да одиме во подобра иднина оти сеуште ползиме.
Радивое Рале Дамјановиќ

Народе, малку достоинство, срамота е да се брани својот гол живот.
Зоран Матиќ Мазос

Знаеме што треба да правиме. Токму затоа има толку невработени.
Александар Чотриќ

Ко марсовци сме, мајката: елементарни услови за живот нема, а ние постоиме.
Миќо В. Штрбац

ЗА СИТУАЦИЈАТА

На корупцијата не можеме да ѝ застанеме на крај. Кај нас сè почнува од неа.
Вељко Рајковиќ

Минатото од ден на ден сè повеќе ни се менува.
Нинус Несторовиќ

Таму каде што победниците ја пишуваат историјата, иднината е поразена.
Ненад Вучетиќ

Нашата историја е толку стара што дојде време да ја замениме.
Дејан Тофчевиќ

Со олкави каматни стапки ќе одиме боси.
Драган Илиќ

Стопанството е подготвено за решавачки скок. Само да најдеме соодветен амбис.
Ѓорѓе Оташевиќ

Љубовта ќе победува сè додека не наиде на сериозни противници.
Дејан Тофчевиќ

Со буткањето на проблемите под тепих се подига најголема прашина!
Абдурахман Халиловиќ Ахил

На државата во која чкрипи потребна ѝ крв за подмачкување.
Александар Новаковиќ

Полицијата во стапка ги следи криминалците. Некои дури и ги претекнала.
Александар Чотриќ

Затворот е основна ќелија на државата!
Горан Кљајиќ

Овде и Господ рекол добра ноќ. И тука е крајот на приказната!
Весна Денчиќ

Избор и превод: П. В.
Слики: Свирачиња
Извор: Artija.net (SatirArt)

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото