За градот Скопје врвен приоритет се фасадите, а не заштитата од поплава

18.08.2016 12:13
За градот Скопје врвен приоритет се фасадите, а не заштитата од поплава

Доволно е само да се погледне Буџетот на Град Скопје за 2016 година за да се извлече заклучок дека за градот Скопје врвен приоритет се фасадите, а не заштитата од поплава.

Така, во Буџетот на град Скопје за 2016 година има предвидено само 45 милиони денари за изградба на атмосферска канализација, а дури 350 милиони денари за проекти, реконструкција и доградба на фасади, и уште 4 милиони денари за одржување на фасади.

За чистење канали и реките Вардар и Лепенец се предвидени 20 милиони денари.

Значи, буџетските средства за изградба на атмосферска канализација и за чистење канали се пет пати помали од буџетските средства наменети за фасади.

Извор: Слободна Македонија