1020 hPa
87 %
3 °C
Скопје - Сре, 22.01.2025 07:59
Само една недела откако жителите по четврти пат го одбранија паркот во Тафталиџе, утрово повторно дојдоа багери и камиони со намера да почнат да копаат темели за изградба на петкатница во паркот на улица Букурешка. Граѓаните, главно пензионери, повторно се мобилизираа и ги спречија работниците и механизацијата да почнат со работа.
Жителите на овој дел од градот досега неколку пати на различни начини јавно покажаа дека се против градење зграда во паркот.
Реакциите на жителите не ја поколебаа Општина Карпош да го донесе планот и да даде одобрение за градење и покрај уверувањата од градоначалникот Стевчо Јакимовски дека не уништуваат зеленило заради изградба на згради.
Извор: sdk.mk