1016 hPa
81 %

6 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 06:59
Она што живее во длабочините на темните шуми од бајките, самовили, вештерки и сирени, дел од тој магичен свет живее и во секое парче дизајн што го прави дизајнерката Тони Риелвес.
Терариумите даваат еден свеж и нежен допир на природност во просторот, а дизајнерката Тони Риелвес овој аспект го развива преку дизајнирање на модни додатоци кои на елегантен начин чуваат парчиња од природниот свет.
Нејзиниот терариумски накит обичната облека ја претвора во стилски, и по малку чудни ансамбли со вметнување на вистински суви цветови, мов, и скапоцени камења во стаклените приврзоци во форма на полукуполи, прикачени на бронзени и сребрени ланчиња.
Риелвез е обучена како техничка илустраторка, а првпат почнала да се занимава со изработување на накит гледајќи го како решение за надминување на креативна блокада. Сега, оваа креативна работа се претвора во нејзина страст и најпосакувана форма на изразување.
„Голем дел од она што ме инспирира во работата има врска со магијата и фантазијата“ – објаснува таа, „она што живее во длабочините на темните шуми од бајките, самовили, вештерки и сирени, дел од тој магичен свет живее и во секое парче дизајн што го правам.“
Исклучителните дела на Риелвез се продаваат во нејзината Etsy продавница, Siamesa.
Извор: www.etsy.com