Слика која ја покажува бесмисленоста на војната и омразата на Балканот

19.08.2016 02:55
Слика која ја покажува бесмисленоста на војната и омразата на Балканот

На ОИ во Рио де Жанеиро, на кошаркарскиот терен, се најдоа двајца играчи со презиме Богдановиќ, но на спротивна страна - и двајцата беа најдобри во своите тимови. Сликата на двајцата кошаркари почна веднаш да се шири на социјалните мрежи како најдобар потсетник на бесмисленоста на војните и омразата на Балканот.

 

Кошаркарските репрезентации на Србија и Хрватска се натпреваруваа за пласман во полуфиналето на олимпискиот турнир и Србија победи со резултат од 86-83. Убава победа, голема и многу значајна - но сепак обоена со националистички коментари од двете страни. Во очите на многу Срби оваа победа е двапати поголема затоа што е баш против нашите соседи, додека по хрватските медиуми и мрежи се шират коментари дека поразот боли многу повеќе затоа што е баш од Србија.

Набрзо започнаа вистински мини-војни во секциите за коментари на порталите и социјалните мрежи. Полни со „муниција“ во вид на омраза, навреди, пцовки и останати видови примитивизам, најлошите претставници од двете страни се погрижија нивниот глас да се чуе. И делуваше како да е најгласен.

Каква глупост!

Колку ваквите ставови се бесмислени можеби најдобро објасни австралискиот коментатор.

„Сите имаат исти имиња... Но немојте ни случајно да им го кажете тоа“, рече тој на шега, мислејќи на Богдановиќ и Богдановиќ. И не беше единствениот кој беше збунет.

Два братски народа, со исти презимиња, исти бои, речиси идентичен јазик, географски соседи - за некој што не е упатен во комплицираната историја на Југославија не е јасно зошто тука би постоела омраза. Всушост, ни на оние кои не само што се упатени, туку и биле сведоци на војните, не им е јасно каква врска има политиката со спортот и зошто би го мразеле народот поради група политичари.

Богдан Богдановиќ вчера беше најдобар во репрезентацијата на Србија и ни донесе 18 поени. Бојан Богдановиќ беше најдобар во репрезентацијата на Хрватска и им донесе 28 поени. А заедно двајцата испратија најубава порака по натпреварот.

Сликата веќе ги освои социјалните мрежи, па испраќа јасна порака дека гласот на омраза за кој зборувавме можеби сепак не е најгласен. Сè додека ние не го дозволиме тоа.

Извор: 24 sata, 18.06.2016

ОкоБоли главаВицФото