Скиците на познатите архитекти претставени преку човечки фигури

20.08.2016 16:24
Скиците на познатите архитекти претставени преку човечки фигури

Иако постојат многу различни пристапи за создавање на архитектонски простор, повеќето архитекти се согласуваат дека приматот на човечкото е од најголемо значење за создавање на успешен дизајн. Архитектурата ја перцепираме преку нашите сетила, го интерпретираме обемот во споредба со нашите тела, и секако, бараме од архитектурата да ги заштити нашите тела од силите на природата. Поради овие причини, дизајнерите често вклучуваат човечки фигури во своите скици за да имаат попрецизна слика за размерот и да добијат визија за атмосферата на својот дизајн.

Меѓутоа, често овие бројки можат да откријат и други нешта. „Архитектите самите се проектираат во човечката фигура“ – објаснува Макија Нор, кој има направено колекција на фигури од скиците на најпознатите архитекти во светот.

„Доколку ги споредиме цртежите од различни архитекти, ќе забележиме дека често се наоѓаат разлики во обликот и активноста на телото, архитектите често ги претставуваат своите идеологии како референца за разбирање на човечката физичка состојба.“

Комплетната колекција на Макија содржи скици од голем број познати архитекти, од научно пресметаните пропорции на тело употребувани од Да Винчи и Ле Корбизје, до примитивните фигури на Глен Муркат, до креативната експлозија која ја носи деконструираниот човек на Френк Гери.

 

Извор: www.archdaily.com

Слични содржини

Јавни простори / Балкан / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото