Нова српска (а ко да е наша) сатира (6) - Каде што идеите се фикс, напредокот е никс

22.08.2016 10:22
Нова српска (а ко да е наша) сатира (6) - Каде што идеите се фикс, напредокот е никс

ЗА ВОДАЧОТ

Нацијата е пијана. Никој трезен не може да го слуша водачот.
Миќа М. Тумариќ

Неограничена доверба се стекнува кај ограничен народ.
Владица Миленковиќ Влајче

Народен човек е тоа; сè што има - беше народно.
Митар Ратковиќ Претвор

Во устата мед, во делата лед.
Дарко Жуњиќ Батан

Ако јас можам да ви помогнам, тогаш вам помош не ви е потребна.
Анѓелко Ердељанин

Секогаш изговарал крупни зборови. За да може зад нив да се крие.
Александар Чотриќ

Кусокот на големи дела го надокнадува со изобилие на големи глупости!
Миќо В. Штрбац

Полека, народе, ќе биде подобро! На почеток сме на милениумот!
Зоран Матиќ Мазос

ЗА ВЛАСТА

Помеѓу нас заладија односите. Сè врие.
Владица Миленковиќ Влајче

Го придвиживме производството. И така си замина од Србија.
Александар Чотриќ

Мртвата уста не зборува.
А гладната само шепоти.
Владица Миленковиќ Влајче

Мораме да имаме првокласни проблеми, кога експертите ни се од „Ш“ категорија.
Зоран Матиќ Мазос

Помеѓу зборовите и делата се сложените реченици.
Драгутин Јокиќ

Нашиот проблем е живиот човек да го помрднеме од мртвата точка.
Дарко Жуњиќ Батан

Прво применија сила. На законот се сетија после.
Миќа М. Тумариќ

Не е точно дека нимам никакво школо. Имам отворено две виши и три факултети!
Слободан Симиќ

Не е изненадување што колата тргна низбрдо, туку што на воловите ништо не им фали.
Милорад Марјановиќ Марона

ЗА СИТУАЦИЈАТА

Во почетокот беше збор. На крајот остана молчењето.
Александар Чотриќ

Во ветената сме благосостојба. До гуша.
Александар Чотриќ

Демократијата далеку напреднала. Не се наѕира.
Вељко Рајковиќ

Кога бев малецок сакав да живеам во циркус. Сега сум голем и желбата ми се исполни.
Срѓан Јовановиќ

Каде што идеите се фикс, напредокот е никс.
Миќо В. Штрбац

Би поминало овде тркалото на историјата, но не може од калта.
Дејан Тофчевиќ

Програмата на владата е добра. Ја фаќаат сите ТВ станици.
Весна Денчиќ

Господ сè гледа. Поради тоа попот купил џип со затемнети стакла.
Срѓан Динчиќ

Химната музички ја збогативме. Ја проследуваме со свирежи.
Раде Ѓерговиќ

Колку поголем споменик, поголема ладовина.
Момир Станисављевиќ

Не можам да верувам што ни се случува. Не сум толкав верник.
Слободан Симиќ

На крајот - правдата победува!
Да имаше правда, ќе победеше на почетокот!
Душан Војводиќ Бирџа

Слободата на говорот е неостварлива. Устата ни е преполна со демократија.
Вељко Рајковиќ

Стенкајќи под чизмата - животот пишува афоризми.
Срба Павловиќ

ЗА НАРОДОТ

Власта која има ваков народ не треба да се грижи за својата иднина.
Радивое Рале Дамјановиќ

Се чувам од луѓето што во животот прочитале само Библија. Уште повеќе се чувам од оние кои не го прочитале дури ни тоа.
Зоран Матиќ Мазос

Составувањето крај со крај е добро ако сте на почеток.
Александар Новаковиќ

На она што го премолчев, би имал уште доста да додадам.
Срба Павловиќ

Никој нас не може да нè направи будали. Господ е творец на сè!
Вељко Рајковиќ

Да го немаат питачкиот стап, сиромашните ќе немаат на што да се потпрат.
Небојша Боровина

Сиромашните го даваат животот за татковината. Немаат ништо поситно.
Раде Ѓерговиќ

Пуштете го народот да лае. Кучето што лае не гризе.
Миќа М. Тумариќ

Крстете се и со лева и со десна, така нема да згрешите!
Александар Новаковиќ

Пораснавме. Престанавме да цицаме палец и почнавме да цицаме весла.
Александар Новаковиќ

Вистината е на наша страна, но и понатаму сме неурамнотежени.
Дејан Тофчевиќ

Доведени сме во заблуда. Тука се чувствуваме најдобро.
Дејан Тофчевиќ

Одамна сме на дното! Само ја немаме постигнато потребната длабочина.
Зоран Матиќ Мазос

Во нив нема ни добро ни зло. Со ќотек сè се истерува.
Миќа М. Тумариќ

Уште многу ќе проголтаме додека своето не го повратиме.
Владимир Миќковиќ

Избор и превод: П. В.
Слики: Свирачиња
Извор: Artija.net (SatirArt)

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото