Душа

22.08.2016 12:24
Душа

Доаѓа мачката, гребе со ноктите, качувајќи се по скалите на тремот.
-Мрш, сивка, мрш!
Мачката плаче, очите ѝ светат, ѝ блескаат...
-Немој да цивкаш!
-Ми солзат очите – мјаука таа.
Ја затворам во оставата. Уште долго гребе по вратата.
Приквечерината веќе ми солзат очите, носот ми тече, не можам да дишам. Ми даваат топло млеко со мед. Испивам половина шолја, замолувам да го сипат остатокот во чинија и да ѝ го однесат на мачката во оставата.
Сепак ми е тешко да дишам. Викаат бајачка. Таа ме погледнува со своите проѕирни очи – светли, пресветли.
-Твојата душа е затворена во оставата – ми вели.

Превод од руски јазик: Ѓорѓи Крстевски
Слика: Лаура Ајверсон

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото