Спот на македонскиот бенд КУЛИ за песната „Мај“

23.08.2016 12:21
Спот на македонскиот бенд КУЛИ за песната „Мај“

КУЛИ е македонски бенд формиран во 2012 година чие јадро го сочинуваат Дејан Марковски (вокал и гитара), Роберто Стевиќ (виола) и Владимир Поповски (клавијатури).

Освен со авторска музика наменета за концертно претставување, членовите на групата се занимаваат и со компонирање театарска и филмска музика за кратки филмови од независната културна сцена.

Во продолжение, можете да го погледнете нивниот нов спот за песната „Мај“, во која гостуваат и Дејан Чикаровски (контрабас), Дејан Микаровски (гитара), Ратко Крапчев (тапани) и Кристина Апостоловска (клавир).