Протече аматерски сингл на позната порно глумица!

23.08.2016 13:46
Протече аматерски сингл на позната порно глумица!

Познатата американска порно глумица Ава Спринг се повлече со најблиското семејство во викендичката на море, за да се изолира од медиумите и да ја преброди тешката ситуација во која се најде откако протече снимката со нејзина аматерска песна.

„Се чувствувам рането и злоупотребено. Ова е напад на мојата интима и приватност. Во песната ги вложив моето срце и душа, најдобриот дел од себе. Чувството кое ме обзеде кога некој злобно ја искористи мојата слабост не му го посакувам ниту на најголемиот непријател“, кратко изјави таа пред да се повлече далеку од очите на јавноста.

Песната во првите неколку часа ја преслушаа стотици илјади луѓе во целиот свет, а интересот од минута во минута станува сè поголем. Во песната, Спринг зборува за своето детство, односот со таткото и својата прва љубов. Слушателите ги изненади и бојата на нејзиниот глас, зашто звучи како возрасна жена, за разлика од филмовите во кои има глас на девојка во пубертет.

Синглот протече само неколку дена пред премиерата на нејзиниот филм „Крстарење 9“ во кој глуми девојка што преживеала бродолом и се наоѓа на пуст остров, а ја спасува екипаж на танкер.

Сè уште не се знае како аматерската песна ќе влијае на продажбата на нејзиниот филм.

Извор: www.news-bar.hr