ГРОМ удри во Тафталиџе

24.08.2016 01:12
ГРОМ удри во Тафталиџе

Невреме пустоши во Карпош, скопската општина што долго време важеше за урбанистички најуредена. Нема ден, а ГРОМ да не удри во некој од малкуте паркови што останаа. Жителите на Тафталиџе се обидуваат со сите расположливи сили - ноќни стражи, денски собири, реакции, писма... да го одбранат парчето зелена површина на кое Деталниот урбанистички план предвидел зграда. Сега бараат Советот на Општината да распише референдум - последниот легитимен начин да се слушне нивниот глас и така да го одбранат паркот, односно нивното уставно право на здрава животна средина. „Дали некаде ќе се гради, не зависи дали градоначалникот е глув или слуша, туку дали има Урбанистички план и дали во него се вцртани маркички, кои Господ не може да ги тргне“, им одговориле од Општината.  

Но, проблемот е во тоа што елементарната непогода, громовникот и градоначалник Стевчо Јакимовски е хомо дуплекс: истовремено и слуша и е глув. Зависи. Ако му зборува неговиот сегашен Господ(ар), пастирот Груевски, тогаш слуша повеќе од сите други во стадото послушници, наречено злосторничко здружение на власт. За сите други, во случајов за граѓаните, е тотално глув. Значи, дали некаде ќе се исечат дрвјата и ќе се бетонира тревата, зависи од тоа дали гласот на граѓаните ќе биде посилен од неговиот кога пее: „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине!“

Извор: Слободен печат

ОкоБоли главаВицФото