Транс заедницата од улицата Кристофер

25.08.2016 08:43
Транс заедницата од улицата Кристофер

Првата слика од трансродова личност која ми остави силен впечаток беше фотографијата на Венус Екстраваганца, која е неизоставен дел од улицата во Гринвич Вилиџ. На многу жени, оваа девојка од документарецот од 1990 година „Paris Is Burning“ им остана во сеќавање и беше инспиративна. Сонцето кое заоѓа над реката Хадсон и ги менува боите во жолто, во виолетово, а долгата руса коса на Венус покрива дел од нејзиното тело, додека таа пуши цигара на тремот... Тоа беше местото, а особено Улицата Кристофер, каде што многу транс и квир луѓе ги споделуваа своите животи. Долги години и многу генерации поминаа низ ова место и понудуваа своевидно „огледало за да се рефлектираат во нив оние кои не можеа да се видат“. На Улицата Кристофер постоеја мноштво потенцијални себства: трансродови, транссексуални, не-бинарни, родово-квир, буч, кросдресери, драг кралици и кралеви и други родови идентитети и сексуални ориентации кои ги предизвикуваат социјалните норми. Поминаа речиси 50 години по инцидентот во „Стоунвол Ин“, но Улицата Кристофер сè уште се препознава како родно место на модерното ЛГБТ движење. Во јуни, претседателот на САД, Барак Обама ја означи областа околу „Stonewall Inn“ за државниот „прв национален споменик, кој ќе ја раскажува приказната за борбата за права на ЛГБТ луѓето“. Но во меѓувреме класните и расните тензии почнаа да растат. Затоа, полицијата стана поприсутна, со цел областа да се направи побезбедна.

Во продолжение, галерија со различни моменти од животот на луѓето од улицата Кристофер.

Извор: lgbti.mk / The New Yorker
Фотографии: Марк Селиџер

ОкоБоли главаВицФото