Три децении од Рубиковата коцка

28.05.2010 14:42
Рубикова коцка

Популарната тридимензионална играчка едноставно наречена „Рубикова коцка“ деновиве ја одбележува својата 30-та годишница.

 
Дизајнирана од унгарскиот архитект и професор Ерно Рубик, таа издржа на конкурентниот пазар и покрај подемот на усовршената технологија на видео-игрите.

Иако коцката беше измислена во 1974, на пазарите вон Унгарија се појави дури во 1980.

Се смета дека досега се продадени преку 300 милиони примероци.
Унгарците ја нарекуваа „бивош“, или магична коцка но таа стана позната како Рубикова.

По повод оваа годишнина, низ цел свет се одржуваат разни настани а многумина сè уште се обидуваат да ги наместат боите на коцката за рекордно време.

Ден Харис е двоен шампион на Британија во брзинско местење:
„Јас држев неколку рекорди во спортот наречен брзинско местење на коцката. Мое најбрзо време на натпревар беше 10,59 секунди.“

За волја на вистината, на Ден овој пат му требаа околу 16 секунди, но сепак, никој не може да рече дека тоа е бавно...

И самиот Рубик своевремено призна дека коцката е прилично заразна и дека веројатно придонела за еден развод во Германија во 1981, кога сопругата се пожалила дека мажот поминува повеќе време со коцката одошто со неа.

Се смета дека шарената играчка има преку 43 квинтилиони или поточно 43.252.003.274.489.856.000 можни комбинации.
 
Извор: bbc.com

 

ОкоБоли главаВицФото