Мала ноќна музззззика

29.08.2016 20:05
Мала ноќна музззззика

Баба ми вели дека никогаш не ја каснал ниту еден комарец („Јас не знам што е тоа комарец..."), но затоа, како и секој нормален демон, еден зуј мајстор ја следи уште од бебе. „Секогаш е само тој, Едниот. Ми зуе цела вечер, никако да го утепам..." Тие имаат израснато заедно. Комарецот е експерт за хрчењето на баба ми изминативе 84 години, а таа за неговиот зуеж. Од година в година, како им слабее слухот, тие сè повеќе се почитуваат зашто мислат дека и обајцата ги стишале своите мали ноќни концерти.

Неговиот внук и јас сме сосема друга приказна: никогаш нема да го убијам, но затоа си ги мачкам ушите со Аутан.

Слика: The Royal Art Lodgе

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото