„Mulholland Drive“ на врвот на листата на најдобрите филмови на 21-от век

30.08.2016 00:41
Mulholland Drive на врвот на листата на најдобрите филмови на 21-иот век

Лаура Харинг и Мелиса Џорџ во Mulholland Drive на Дејвид Линч, според новата анкета наБи-Би-Си, најдобриот филм на 21-от век

Анкетата на Би-Би-Си во која учествуваа 177 филмски критичари ширум светот, надреалистичкото ремек-дело Mulholland Drive, на режисерот Дејвид Линч, го сместува на врвот на листата на најдобри филмови на 21-от век.

Надреалистичкото ремек-дело на Дејвид Линч, филмот Mulholland Drive, за кој дури и неговите најголеми фанови признаваат дека делува вознемирувачки и збунувачки, како и тоа дека има хипнотичко влијание, е прогласен за најдобар филм на 21-от век. Би-Би-Би-Си анкетираше 177 филмски критичари од 36 земји со цел да се издвојат најдобрите филмови од поновата филмска историја. На првото место на конечната топ 100 листа се најде Mulholland Drive (2001), по кој следат In The Mood for Love (2000) на Вонг Кар Ваи, There Will Be Blood (2007), Spirited Away (2001), и Boyhood (2014) на Ричард Линклејтер.


Spirited Away на Хајао Мијазаки беше популарен избор кај филмските критичари 

Најпопуларните режисери на листата, секој со по три филма, се Вес Андерсон, Aпишатпонг Вирасетакул, Кристофер Нолан, Мајкл Ханеке, Пол Томас Андерсон и Џоел и Итан Коен. Метју Андерсон, уредник на Би-Би-Си, на рубриката за култура, изјави дека најголемите филмски анкетите често се навраќаат на минатото.

„Сакавме да дознаеме за најдобрите филмови од поновата филмска историја. Тоа се филмови за кои повеќето љубители имаат силни чувства. Се надеваме дека оваа листа ќе поттикне дискусија и дебата, не само меѓу критичарите и љубителите на филмот, туку меѓу секој кој ужива во гледањето филмови и има свое мислење за она што еден филм го прави добар“ - вели Андерсон.

На секој критичар му било дозволено да одбере десет филмови, што резултира на вкупно 599, од кои потоа се селектираат првите 100. Mulholland Drive, првично планиран како ТВ шоу во шест дела, од страна на Питер Бредшо од Гардијан е опишан како „морбиден, фасцинантен, со сонливи и слободоумни визии “, како и тоа дека претставува „вистинско уживање“.

Lost in Translation (2003) на Софија Копола, во кој глумат Бил Мјуреј и Скарлет Јохансон, се најде на 22 -то место на листата.

Најпопуларната филмска година е 2012 година, со десет филма на топ 100 листата, вклучувајќи ги The Act of Killing (2014) и Holy Motors (2016). За 2013 година се одбрани девет филма, вклучувајќи ги и 12 Years a Slave и Blue is the Warmest Colour. Нема простор за некои од најпопуларните филмови во последните 16 години, нема Хари Потери, хобити или пирати од Карибите, но секогаш има место за повеќе очигледно комерцијални филмови, како Mad Max: Fury Road (2015) на Џорџ Милер кој се наоѓа на 19-то место, Wall-E, на 29-то и Ratatouille на 90-то.

Дел од Топ 100 листата изгледа вака:

1 Mulholland Drive (David Lynch, 2001)

2 In the Mood for Love (Wong Kar-wai, 2000)

3 There Will Be Blood (Paul Thomas Anderson, 2007)

4 Spirited Away (Hayao Miyazaki, 2001)

5 Boyhood (Richard Linklater, 2014)

6 Eternal Sunshine of the Spotless Mind (Michel Gondry, 2004)

7 The Tree of Life (Terrence Malick, 2011)

8 Yi Yi: A One and a Two (Edward Yang, 2000)

9 A Separation (Asghar Farhadi, 2011)

Филмот There Will Be Blood во кој игра Даниел Деј-Луис, го достигна третото место на листата. 

10 Inside Llewyn Davis (Joel and Ethan Coen, 2013)

10 No Country For Old Men (Joel and Ethan Coen, 2007)

12 Children of Men (Alfonso Cuarón, 2006)

12 Zodiac (David Fincher, 2007)

14 The Act of Killing (Joshua Oppenheimer, 2012)

15 4 Months, 3 Weeks & 2 Days (Cristian Mungiu, 2007)

16 Holy Motors (Leos Carax, 2012)

17 Pan’s Labyrinth (Guillermo Del Toro, 2006)

18 The White Ribbon (Michael Haneke, 2009)

The Grand Budapest Hotel, еден од трите филмови на Вес Андерсон вклучени на листата го достигна 21-то место 

19 Mad Max: Fury Road (George Miller, 2015)

20 Synecdoche, New York (Charlie Kaufman, 2008)

21 The Grand Budapest Hotel (Wes Anderson, 2014)

22 Caché (Michael Haneke, 2005)

22 Lost in Translation (Sofia Coppola, 2003)

24 The Master (Paul Thomas Anderson, 2012)

25 Memento (Christopher Nolan, 2001).

Извор: www.theguardian.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото