Држава на убијци

30.08.2016 11:43
Држава на убијци

Ова не е држава на измамници.

Не е ни држава на обични криминалци.

Ова е држава на убијци.

Секој поддржувач на ДПМНЕ во моментов за мене е сооучесник во убиството на сите новороденчиња кои умреа заради лошата здравствена политика, на сите родилки кои умреа заради лошата здравствена политика, на сите тамари, на сите загинати во сообраќајни несреќи предизвикани од претставници и блиски на власта за кои не одговараат, на сите загинати од обичен пороен дожд, на сите прерано починати заради загаденоста на воздухот и водата и земјата, лошата исхрана и сиромаштијата, на сите починати во притвор и во другите затворени институции, на Крпач и уште многу како него за кои не знаеме, на Мартин Нешкоски и многу како него чии убиства се прикриени.

Можете да ме нарекувате колку што сакате: и непатриот и соросоид и комуњар.

Вие, поддржувачи на ДПМНЕ, за мене сите сте едноставно соучесници во низа убиства и поддржувачи на власт која ги прикрива убиствата.

И заради тоа се борам оваа власт да биде сменета.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња