1015 hPa
77 %
13 °C
Скопје - Вто, 19.05.2026 02:00

Господ некому дава череп,
Некому глава,
А на трет - ни едното ни другото.
И секој го прима од Бога дарот
Смирено и покорно...
Значи,
Не треба да се чудиш
Ако коњаникот е без глава -
Оти е тоа волја Севишна...
Господе, помилуј ги своите синови,
Оти навистина е страшно
Кога клокоти утробата на воените полиња
И кога луњата на смртта владее со горите и клисурите,
Кога безглавиот коњаник ја предводи
Коњичката чета...
Слика: Свирачиња
Превод: П. В.
Левон Анањан (1946-2013), ерменски есеист, поет, преведувач. Автор е на петнаесетина книги и на голем број статии. Бил главен уредник на списанието „Гарун“, претседател на Здружените на ерменските писатели, основач на издавачката куќа „Аполон“... Преведувал од англиски и руски.