Денис Дуковски ја направи најдобрата светска ракометна фотографија

31.08.2016 12:31
Спортската фотографија на Денис Дуковски е прогласена за најдобра во светот

Наградата за најдобра фотографија од ракометните терени, која ја доделува Интернационалната ракометна федерација, годинава му припадна на македонскиот фоторепортер Денис Дуковски, кој фотографира за македонскиот бренд Вардар.

При огромна конкуренција, фотографијата на Дуковски најдобро успеала да ја долови природата на ракометот, велат од Федерацијата. Годинава, натпреварот беше затворен на 20 мај, кога започна проценката на жирито. Кон крајот на август, пак, резултатите беа познати и стручниот совет на ИХФ се одлучи за две победнички фотографии.

Наградената фотографија го одбележа Светското првенство во Катар, а главен лик е македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, како лебди во воздухот паралелно со теренот, за време на натпреварот помеѓу Македонија и Иран.

Втората фотографија, која е избрана за најдобра фотографија на годината, е дело на познатиот француски фоторепортер Лорен Теофил, фотографирана на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Флори Лорет и ФТЦ Реил Карго Унгарија. На фотографијата е Александрина Кабрал Барбоса од Шпанија.

Двајцата фотографи се добитници на 5.000 франци како награда од Интернационалната ракометна федерација.

 

Извор: Радио МОФ

Слични содржини

Фотографија / Култура

ОкоБоли главаВицФото