Ние и тие

01.09.2016 00:38
Ние и тие

„Us and them
And after all we're only ordinary men“

PINK FLOYD

 

Меѓу нас и нив има непремостливи разлики.
Не можеме да се согласиме за ништо.
Нивните решенија нудат само празни зборови и лажни ветувања.
Тие се богатат, а ние осиромашуваме.
Тие си фаќаат фотелји, а ние бегаме од државата.
Тие крадат од нас.
Тие ја уништуваат нашата земја.
Тие одамна ни имаат објавено војна.
Многумина од нас кои јавно им се спротивставиле, завршиле во затвор, други биле избркани од работа, а трети биле оцрнувани од нивните медиумски слуги и пропагандисти.
Тие имаат пари, имаат моќ и влијание, имаат полиција, имаат судии, имаат обвинители, имаат тепачи, а ние се имаме само самите себеси.
Тие се борат против нас за да го сочуваат богатството и силата, а ние се бориме против нив за идеалите на слободата и правдата.
Тие имаат што да изгубат, а не ние.
Тие се страшливци и се плашат дури и од телевизиско соочување.
За нив изборите се легитимација на окупацијата, а не само една од алатките на демократијата.
За нив власта е втерување на нивната волја, а не сервис на нашите потреби.
Тие се глупави, бидејќи мислат дека можат да нè исплашат.
Тие се прости, бидејќи мислат дека можат да се скријат зад административни процедури.
Тие се луди, бидејќи мислат дека ние сме будали.
Тие се наивни, бидејќи мислат дека ќе им простиме.
Овој пат нема да им помине!!!
NO PASSARAN!

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографија: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото