Нова српска (а ко да е наша) сатира (7) - Кога политичката линија е полна, животната е испрекината

01.09.2016 11:40
Нова српска (а ко да е наша) сатира (7) - Кога политичката линија е полна, животната е испрекината

 

ЗА ВОДАЧОТ

 

Тој не страда од манијата на големина. Тој во тоа ужива.
Александар Чотриќ

Мнозинството избирачи решија за сè да решава еден човек.
Александар Чотриќ

На чело ни се наоѓаат саде историски личности и понекоја праисториска.
Александар Чотриќ

Неможно е лудаците да ги победиш на избори. Имаат огромна психолошка предност во однос на другите кандидати!
Нинус Несторовиќ

Водачот е камен темелник на модерна Србија. Треба само да го положиме во земја!
Нинус Несторовиќ

Стана мозок на нацијата. Го заведе бирачкото тело без мозок.
Зоран Додеровиќ

Благодарение на водачот подоброто утре дојде уште денес.
Љубомир Илиќ

Премиерот им нареди на соработниците уште денес да тргнат на работа. Како веќе утре да ќе има избори!
Витомир Теофиловиќ

Само вие потпрете се на мене. Точно е дека не го знам патот, но ги знам сите кривини.
Пеко Лаличиќ

 

ЗА СИТУАЦИЈАТА

 

Да е ова правна држава, седниците на владата би биле затворска претстава.
Весна Денчиќ

Нормално е што во Србија криминалците се поценети од научниците. Имаат подобри резултати!
Нинус Несторовиќ

Големите криминалци не треба да се плашат од полицијата. Не се веќе мали, па да се плашат!
Нинус Несторовиќ

Изборите беа циркус, уште само леб ни фали.
Витомир Теофиловиќ

Чувајте ја вашата изборна волја. За после изборите да се сликате со неа!
Милан Р. Симиќ

Многумина цивили работат за полицијата. Облеката не го прави човека!
Радмило Миќковиќ

На грешките се учи. Ние ги правиме, други се учат.
Александар Чотриќ

Некогаш луѓето беа наше најголемо богатство. Сега се евтина работна сила.
Александар Чотриќ

Оние што гинат за подобро утре, уште го чекаат вистинскиот момент.
Радмило Миќковиќ

Кога политичката линија е полна, животната е испрекината.
Владица Миленковиќ

 

ЗА НАРОДОТ

 

Пред демократските промени ништо немавме. А сега ни е доста од сè.
Милан Тодоров

Гледам и не верувам. Роден сум за сведок.
Милан Тодоров

Граѓаните не веруваат дека сега живеат подобро. Но, веќе следната година ќе веруваат дека годинава живееле подобро.
Милан Тодоров

Сите кои ќе ја преживеат благосостојбава, ќе мораат да објаснат како успеале во тоа.
Љубомир Илиќ

Ако демократијата е нешто друго, тогаш дајте ни од првото.
Зоран Додеровиќ

До затворањето на избирачките места, народот ќе биде на слобода.
Владица Миленковиќ

Ние Србите навикнати сме на слободата на говор. Само малце ни пречат прислушните уреди.
Раде Јовановиќ

Нигде нè нема. Но, свесни сме за своите недостатоци.
Раша Папеш

Сиромавите се со владата со душа и тело. Да ја нема нејзе, ни нив ќе ги немаше!
Раде Јовановиќ

Нема смисла повеќе да се мачи народот. Тој не знае кога му е доста!
Раде Јовановиќ

Не сме сите луди. Има и непрегледани.
Љубомир Илиќ

 

ЗА ВЛАСТА

 

За разлика од многу други, ние тргуваме исклучиво со државни органи.
Милан Тодоров

Власта нè воведе во тотален мрак бидејќи ништо не смее да фрли сенка врз нејзе!
Рајко Мицин

Добриот и будалата веќе не се браќа. Будалата фати позиција.
Пеко Лаличиќ

Не можеш туку така на секоја будала да ѝ дадеш власт... За тоа постојат избори!
Раде Јовановиќ

Дефинитивната пресметка со мафијата не е можна додека сите невини не го добијат заслуженото!
Раша Папеш

Србите не очекуваат желбите да им ги исполнува златната рипка... И во иднина таа работа ќе ја доверуваме на сомовите!
Раде Јовановиќ

Тешко беше да се надмине најстариот занает, но политичарите дадоа сè од себе!
Весна Денчиќ

Оваа власт од нас прави мајмуни. Создава човек по својот урнек!
Радмило Миќковиќ

Толку се безгрешни што веќе нема смисла да им се простува.
Раша Папеш

Слики: Свирачиња
Избор и превод: П. В.
Извор: Етна (aforizmi.org)

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото