Четири чуда за беатификација на Груевски

05.09.2016 09:28
Четири чуда за беатификација на Груевски

Четири чуда за беатификација на Груевски

 

Светиот синод на Македонската православна црква и Социјалдемократската партија на будалата чие име постојано го заборавам, водат постапка за беатификација на Никола Груевски. Во рамките на тие процедури, ме замолија да посведочам за најмалку четири чуда што кандидатот за светец ги има направено во мое присуство.

Еве го моето сведоштво оверено со заколнетост пред Бога.

Нема заебанции, одиме по ред:

1. Ја однесе ќеркичка си в училиште и дома се врати жив и здрав. Вистинско чудо е како не го нападнаа децата кои успеале да се родат и покрај натчовечките, ѓаволски, може да се каже, напори на неговиот министер на смртта.

Некои сметаат дека е чудо и тоа што во истата прилика, го натерал Жерновски да ја пее химната во моментот кога кметот бил тргнал да го тепа, но јас не мислам дека е тоа чудо достојно за една беатификација.

2. Вистинско чудо е како успеа да остане надвор од сите канализации што ги испопушта ширум разговнетата Македонија. Некои велат дека нема цолажа низ која може да се протне, но јас мислам дека тоа што успеа да не се лизне низ толку цевки е чисто чудо од многу повисок маштаб.

3. Чудо е страста со која работи како вечно да ќе биде слободен, а заспива со страв дека сабајлето ќе го приберат.

4. Најголемото чудо, чудото над чудата, е претворањето на живите луѓе во коски на мртвата Македонија. Живите коски на татковината што ја уби, тоа е крунско чудо кое ќе ги остави без збор беатификаторите и тие ќе мора да речат: тој е тој, Свети Нико Ла од Бла-бла-бла!

 

* * *

 

Што бара Заев во Рим!?

 

„Фрапантно е кога лидерот на опозицијата на една земја чиј устав ги поттикнува своите граѓани да имаат научен пристап кон работите, да одобрува или макар да се солидаризира со канонизација базирана на чуда!“

Ова е македонизирана верзија на онлајн петицијата што е организирана во Индија во врска со посетата на индискиот министер за надворешни работи на свеченостите во Рим по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица.

Што бара, сакам да кажам, Заев во Рим!?

Всушност, јас знам што тој бара таму, но проблемот е во тоа што новата, модерна, ослободена Македонија бара личностите што претендираат да ја предводат битката против вмровскиот кретенизам да не се заебаваат со вакви церемонии.

Да не говориме за суштината на делото на Гонџа Бојаџиу.

Лидерот на опозицијата мора да биде спремен да се судри со мејнстримот, инаку не гледам според што би претендирал на својата лидерска позиција!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња