1012 hPa
100 %
17 °C
Скопје - Саб, 05.10.2024 08:59
Кое лицемерие, која мафијашка беседа во описот на Света Тереза од Калкута, во питорексијата на нејзините безбројни добри дела, а на скапиот костум мирис на евтиниот лак од сè уште нераспаднатите ковчези и стајковачката тиња на светнатите чевли, на умрените, на убиените, кое лицемерие пред стотиците илјади избегани од сопствената татковина, кое понижување на интелигенцијата на возачите и ѕидарите кои секојдневно гинат на скелињата на најглупавите градилишта во светот, и на автопатиштата, токму во времето на твоето владеење. Кој израз на лажна посветеност од човекот кој од партиска позиција управува со државата, ја тера нацијата да се секса, ебејќи ја 10 години во мозок, а новороденчињата му умираат на боксовите на државните клиники, младите му бегаат, кое гадно лицемерие од грижливиот вожд кој купува плацеви за џабалак, минира приватни објекти, уништува семејства, бизниси, притвора, затвора, суди и пресудува човечки судбини, нарачува шамари на колеги политичари, кој лажен израз на кловновската насмевка со каобожемска посветеност на добрите дела на Света Тереза, од човекот на кој можеби му се многу 15 милиони евра од една провизија, на апашот кој од сопствените граѓани и држава украде милијарди евра, од гнилежот на карактерот на вождот на кого северното крило од метрополата му го однесе дожд, чии граѓани сè уште не можат да се оправат од катастрофата, и ти, зборуваш во низа за добрите дела на Света Тереза, небаре во стопа ја следиш... Имам, ама не можам повеќе да ги редам чистите македонски зборчиња, и да ги нанижам во разбирливи реченици со кои би ја опишал твојава мизерена дволичност, твоето непоимливо лицемерие... Грутка...
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Јосифовски