Тркала на промената: велосипедот и женските права

06.09.2016 13:05
Тркала на промената: велосипедот и женските права

Сузан Б. Ентони, во 1896 година тврдeла дека „велосипедот придонел за еманципацијата на жените повеќе од што било друго“, а суфражетката Францис Вилард во својата книга „Тркало во тркало: Како научив да возам велосипед“ (A Wheel Within A Wheel: How I Learned to Ride the Bicycle), чувсвото на возење велосипед го поврзува со чувство на поврзаност со светот.

Ненамерното влијание на велосипедот на женската еманципација кон крајот на деветнаесетиот век често се занемарува. Американската лига на велосипедисти која започнала со работа во 1880 година, во своите први членови ги вбројувала само машките припадници на високата класа, и дури по шест години велосипедизмот почнува да се занимава и со жените и средната класа, а тркалото наскоро станува синоним за „жената од новата ера“.

Во втората половина на деветнаесетиот век жените стануваат сè поактивни во јавната сфера и борбата за укинување на ропството, алкохолизмот, семејното насилство, воочувајќи ја притоа ограниченоста на правата на жените, што води до зачеток на женското движење кое барало, меѓу другото, и промени во облекувањето. Се повеќе жени почнале да возат велосипед и да облекуваат панталони и, генерално, поопуштена облека која се косела со традиционалните убедувања во врска со „вистинската женственост“ која ја симболизираат корсетот и тешките здолништа.

Во својата книга „Панталоните и моќта“ (Pantaloons and Power), Гејл Фишер објаснува: „За жените преземањето контрола над сопствениот изглед, оддалечувањето од примарниот орнаментален идентитет и посветеност на мажите и нивното задоволство, било вистински трансгресивно“.

Нивната трансгресија била забележана и од средината во која живееле. Сопрузите се заканувале со развод, лекарите тврделе дека возењето велосипед лошо влијание на женскиот репродуктивен систем и поттикнува мастурбација, а свештениците зборувале дека жените во спортски панталони возат директно кон ѓаволот. Се разбира, водечките производители на велосипеди одговориле со производство на посебни женски седишта кои ја оневозможувале секоја форма на триење на женските гениталии, а вистинскиот начин на возење секогаш бил огласен во весници.

Целата негативна кампања била контрапродуктивна бидејќи феминистките и писателките како Вили Катер и Кејт Шопин го вклучиле велосипедот и мобилноста и независноста која ја носи во своите приказни, додека Сара Гранд во една статија за North American Review го критикувала претерувањето и карикатурите во списанието Punch, кои се потсмевале на новите промени.

Иако лудилото во однос на велосипедизмот со преминот во новиот век полека се смирило, а завладеале автомобилите, велосипедот остана симбол на еманципацијата и промените.

Извор:msmagazine.com

Слични содржини

Активизам / Историја
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Општество / Балкан / Историја
Европа / Балкан / Историја
Општество / Активизам / Квир / Историја

ОкоБоли главаВицФото