Добрeдојдовте во предизборието

07.09.2016 10:08
Добрeдојдовте во предизборието

Власта се спрема за избори. Се екипираат по соби со компјутери, секој добива задача по кого треба да плука, навредува и понижува, добиваат специјална листа со зборови кои најчесто треба да бидат употребени со што повеќе интерпункциски знаци и со посебна напомена кога се употребува прашалник, кога извичник, кога комбинирано. Друга група е фокусирана на постови на Фејсбук, секој добива по неколку лица кои треба да ги следи и веднаш да реагира со омаловажување и сето друго гореспоменато. Трета група е фокусирана на изјави, интервјуа, со посебна напомена како да се извлекува од контекст, на што да се става акцент, како да се извитоперува, да му се дава друго значење и сл. Трета група е распоредена на аеродроми, наплатни рампи, по туристички агенции, инсталираат свои луѓе со фотоапарати да ловат кој влегува и кој излегува од земјата, сликите веднаш се препраќаат до порталите со пригоден текст во кој задолжително се спомнува дека се трошат народни пари. 455-та група се званичните службеници, членови на високи раководни функции, лица кои треба да бараат што сè може да се најде по катастар, по банки, или кај лица кои ќе сведочат за злодела поткуп, земање мито. Најчесто употребувани се фразите: ништо не работат, немаат програми, купуваат скапи чанти и немаат дела, со акцент на тоа дека народот сака дела. Притоа, нарачателите излегуваат од брендирани продавници со полни кеси босови одела и сл. Омилена им е маица Лакост во сите бои. Се множат аватари кои не се ни ваму ни таму, работат на фрлање мамци, ко да више, навлекување и подвлекување, фрлање мрежи спакувани во зборови, кој се фати, се фати. Мамат во секоја смисла, испитуваат кој каква слабост има ако може да се злоупотреби, се чепка по блиско и далечно минато, чекаат безличните момент скроз да се отворат, повторно пред оној кој дал повеќе.

Се бараат лица без скрупули кои ќе се пуштат во последен момент со закани, по деца, семејство, живот, скандал мајстори и отпадници од општеството...

Добродојдовте во предизборието во Македонија 2016.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Ковачевски