Песна на свињата

08.09.2016 11:28
Песна на свињата

Еве во што ме претворивте:
сиво-розов зеленчук со очи
на гол полжав, овоплотен
бут, што се шири како бавна репка,

кожинка што ја полните за да се храните
со неа, смрдлива месеста
мозолка, крупен израсток
од крв што џвака
и се дуе. В ред. Во меѓувреме

јас го имам небото што е само наполу
в кафез, си ги имам ќошовите со плевел,
секогаш сум си зафатена, си пеам
своја песна за корења и чурилки,

своја песна за измет. Мадам,
оваа песна ве навредува, овие гровтања
што за вас се сурово сексуални,
та ја мешате алчноста со страст.

Ваша сум. Ако ме храните со ѓубре,
ќе испеам песна и за ѓубрето.
Како химна.

Слика: Свирачиња
Препев: Зоран Анчевски

ОкоБоли главаВицФото