Нова српска (а ко да е наша) сатира (8) - Ни ветивте рај, а не куплерај!

11.09.2016 17:45
Нова српска (а ко да е наша) сатира (8) - Ни ветивте рај, а не куплерај!

ЗА ВОДАЧОТ

Психијатрите не знаат дека водачот има сè што му треба. Мислат дека нешто му фали.
Ѓорѓе Оташевиќ

Некој за миг испаѓа будала, а некој троши цел живот да направи будала од себе!
Раша Папеш

Некрофилот ги користеше избирачките списоци со мртви гласачи.
Раша Папеш

Во главата на водачот сигурно има голем притисок. Без компресија онолку глупости не можеа да се соберат.
Ѓорѓе Оташевиќ

Избегнувањето дијалог со Ѓаволот е препуштање на неговиот монолог.
Витомир Теофиловиќ

Нормално е да имам телохранители. Човек сум кој умее да ги цени вистинските вредности!
Раша Папеш

Долго се на сцена. Големи се тоа глумци.
Славомир Васиќ

Потемкиновите села овде се кули Вавилонски.
Ненад Вучетиќ

Би сакал во легенда, а не е ни за во басна!
Васка Јукиќ Марјановиќ (1935-2013)

ЗА ВЛАСТА

Кој работи, тој и греши. Нашиве политичари работат 24/7.
Зоран Ѓуровиќ

Не е фатаморгана: градат пустина!
Александар Баљак

Тоа не се деца! Зборуваат како возрасни идиоти.
Митар Митровиќ

Чекан и мистрија - мајстор сум ја!
Бла бла бла - политичар сум ја!
Перица Пешиќ

Кога дојдоа на власт, станаа дипломци, магистри, доктори. Браво, мајстори!
Александар Чотриќ

Додека ние собираме ронки и зрнца, тие пуштаат корени надвор од земјата.
Перица Пешиќ

Власта не покажала сè што знае. Што не знае - покажува.
Илија Марковиќ

Лесно им е ним... Тие нè имаат нас!
Раде Јовановиќ

Откако почна да пази што зборува, прави што сака.
Александар Чотриќ

Секирата ни е падната во медиумите!
Радмило Миќковиќ

ЗА СИТУАЦИЈАТА

Тоа што денес сме на дното на Европа само покажува дека ние сме темел на цивилизацијата.
Милан Тодоров

Расчистивме со минатото и преминавме и на иднината.
Ѓорѓе Оташевиќ

Нашиот пат во Европа е долг оти Србија е стара држава, па побавно се движи.
Милан Тодоров

Мигрантите што ќе поднесат барање за азил во Србија најпрвин се испраќаат на детален лекарски преглед.
Александар Чотриќ

Порано се зборуваше: да имам работа, ќе имав пари. Денес се вели: да имам пари, ќе имав работа.
Александар Чотриќ

Признај дека ти е подобро. За да не ти биде полошо.
Александар Чотриќ

Кога ги прогласија изборните резултати, на многумина им олесна. Особено на нашите непријатели.
Ѓорѓе Оташевиќ

Воведувањето демократија беше крупен залак. Уште ни стои в грло.
Ѓорѓе Оташевиќ

Ова веќе не можат да го издржат ни мазохисти... Ќе ги убие претераната радост!
Раде Јовановиќ

ЗА НАРОДОТ

Ни ветивте рај, а не куплерај!
Зоран Ѓуровиќ

Слухот ме служи одлично, а видот никако. Секој ден слушам за напредок, а не го гледам.
Витомир Теофиловиќ

Кога нема да ги платам станот, храната и давачките, ми останува целата плата што не ја примам.
Милан Тодоров

Чесно работам за парче леб. А жената заработува и за маргарин.
Ѓорѓе Оташевиќ

Гладниот народ е подготвен сешто да голтне.
Раде Ѓерговиќ

Да ми се оние години, а овој ум. Или, барем, оние години.
Ранко Гузина

Најдобро е кога ќе се совпаднат цензурата и автоцензурата, никого да не боли глава.
Ранко Гузина

Народот што има ваква власт итно треба да биде развластен!
Раде Ѓерговиќ

На изборите секако ќе се појавам. Жив или мртов.
Милен Миливоевиќ

Нема проблем што сите се пред нас. Ние на тоа не се обѕрнуваме!
Раде Јовановиќ

Се фаќаме за сламка, а толкави трупци околу нас!
Митар Митровиќ

Го убија човекот во мене. Тоа беше начин да дочекам длабока старост.
Александар Чотриќ

Живееме како во Африка. За едни нема храна, за други нема зима!
Радмило Миќковиќ

Слики: Свирачиња
Избор и превод: П. В.
Извор: Етна (aforizmi.org)

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото