(Видео) Паника на проба во зградата на МРТВ: снимен моментот на земјотресот

12.09.2016 04:24
(Видео) Паника на проба во МРТВ: снимен моментот на земјотресот

Музичарот Емин Џијан на својот Фејсбук профил објави видео снимка од моментот кога се случи силниот земјотрес во Скопје во 15.10 часот.

Снимката е од проба на оркестарот ФАМЕС, кој е сместен во зградата на Македонската телевизија. Среде пробата, одеднаш музичарите срипуваат од столчињата и тргнуваат бргу да ја напуштат салата во која свират.