За време на земјотрес треба да се сокриете под маса или во рамката на вратата? Не!

13.09.2016 11:18
За време на земјотрес треба да се сокриете под маса или во рамката на вратата? Не!

Даг Коп е член на Американскиот интернационален тим за спасување, светски познат тим кој се справува со природни катастрофи и нуди совети како да преживеете во случај на земјотрес.

Тој влегол во 875 срушени згради, работел со тимови од 60 држави, основал спасувачки тим во неколку земји и е член на многу спасувачки тимови во разни земји. Две години бил експерт во ОН.

Едноставно речено, кога куќа или зграда се руши поради земјотрес, тежината на урнатините паѓа врз масата или рамките од вратата и ќе го смачка оној кој се крие под нив, но просторот до нив останува празен. Тој простор се нарекува „триаголник на животот“. Колку објектот е поголем и поцврст, помала е можноста да се оштети и на тој начин ќе има поголема слободна површина покрај него, а со тоа се зголемува и можноста личноста да остане неповредена.

Прочитајте ги следните совети кои ќе ви помогнат да си го спасите животот во случај на земјотрес.

Тој вели дека „триаголникот“ на животот значително ќе ви помогне да спасите жива глава за време на ваква катастрофа, како што е прикажано на следните фотографии.

1. Никогаш немојте да се криете под маса или слични предмети.
2. Легнете покрај некој голем предмет како што е тросед, спална, автомобил, плакар… Свиткајте се во фетална положба.
3. Доколку имате можности, вашето живеалиште изградете го од дрвена конструкција. Дрвото е лесно свитливо и сосема различно реагира на земјотрес за разлика од куќи и згради направени од цигли.
4. Ако сте во кревет за време на земјотрес, симнете се од него и легнете покрај креветот.
5. Доколку земјотресот се случи додека сте во зграда и немате шанси брзо да излезете од неа, легнете во фетална положба покрај големо парче мебел.
6. Никогаш немојте да се криете под скали. Тие се навистина опасно место за време на земјотрес.
7. Надворешните потпорни ѕидови на куќите се најбезбедно место за криење. Доколку имате шанса, кријте се таму.
8. Доколку сте во автомобил, веднаш излезете од него и легнете веднаш до автомобилот, повторно во фетална положба.
9. Доколку се наоѓате во библиотека или некое друго место каде има купови хартија, сокријте се до полиците со книги. Хартијата не се витка или крши, па имате големи шанси да си го спасите животот.
10. Едно од најнебезбедните места за криење за време на земјотрес е рамката од вратата. Никогаш немојте таму да
барате спас, иако тврдењата велат дека таму е безбедно.

Експертот вели дека овие совети помагаат за значително да си ги зголемите шансите за преживување.

Слични содржини

Живот / Историја

ОкоБоли главаВицФото