ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос да престанат да предизвикуваат земјотреси во Скопје

13.09.2016 13:43
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос да престанат да предизвикуваат земјотреси во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ упати повик до СДСМ и Сорос да престанат да предизвикуваат земјотреси во Македонија со цел да дојдат на власт без програма. Од партијата на Никола Груевски сметаат дека деструктивната политика на СДСМ излезе на терен.

– По политичките земјотреси што ги предизвикаа со нивните таканаречени бомби, утрово можевме да видиме дека нивните деструктивци се излезени на терен и работата на разнишување на Македонија. Кому му одговараат потреси во земјава? Само на СДСМ. Исто така, нивни активисти со години пишуваат по социјалните мрежи дека на Скопје му треба нов земјотрес со цел да го минираат и разурнат проектот „Скопје 2014“. Сакаме да им порачаме и ним и на нивните ментори дека „Скопје 2014“ нема да падне и ќе го браниме се до последниот блок стиропор. Со месеци ја замараа јавноста колку биле силни, а предизвикаа потрес со магнитуда од едвај 3,9 степени по Европската сеизмичка скала. Слабо Сорос – велат во владејачката партија.

Оттаму додаваат дека силен земјотрес како тој од 1963 година удира еднаш во илјада години.

Извор: http://www.kozanostra.net/