Дури четворица параолимпијци трчаа побрзо од олимпискиот победник во Рио!

15.09.2016 13:46
Дури четворица параолимпијци трчаа побрзо од олимпискиот победник во Рио

Алжирецот Абделатиф Бака освои златен медал во категоријата слабовидни атлетичари на 1 500 метри на параолимписките игри во Рио де Жанеиро победувајќи со подобар резултат од олимпискиот победник, Американецот Метју Центровиц.

Бака победи со резултат 3:48.29, додека Центровиц пред еден месец го освои златото на Олимписките игри во Рио со време 3:50.00.

Интересно, побрзо време од олимпискиот победник имаа и второпласираниот етиопски параолимпиец Тамиру Демисе (3:48.29), третопласираниот Кениец Хенри Кирва (3:49.59), и братот на Бака, Фуад Бака кој со резултат од 3:49.84 го зазема четвртото место.

„Трката беше прекрасна и неизвесна до самата завршница. Пресреќен сум со победата, но и резултатот што го остварив“, рече Бака.

Ако настапеше на параолимписките игри, олимпискиот победник Центровиц ќе го освоеше петтото место.

На Олимписките игри Центровиц победи со послаб резултат од дури 25 секунди од светскиот рекорд. Американците последен пат славеа во оваа дисциплина далечната 1908 година, кога победи Мел Шепард.

Извор: http://sportske.jutarnji.hr/