Хајзенберг и Бор: средба што ќе ги испише страниците на историјата

16.09.2016 13:45
Хајзенберг и Бор: средба што ќе ги испише страниците на историјата

Вернер Хајзенберг

Спротивноста на некое точно тврдење е погрешно тврдење. Но спротивноста на некоја длабока вистина може да биде повторно длабока вистина, цитирајќи го Хајзенберг во својата автобиографија и своевидна интимна исповед, „Физика и метафизика“ на својот долгогодишен ментор и пријател Нилс Бор. Токму со овие зборови може да се опише контроверзната средба од 1941 година, кога познатиот германски физичар ќе го информира својот учител за правењето на атомската бомба.

Вернер Хајзенберг (1901-1976 година) е еден од основачите на квантната механика и добитник на Нобеловата награда за физика. Тој докторирал во 1923 година, а веќе на возраст од дваесет и шест години бил поставен за редовен професор по теориска физика во Лајпциг. Со името на Хајзенберг се врзува познатиот принцип на неодреденост, според кој не е возможно истовремено да се одреди со апсолутна точност и положбата и брзината на честичката, што укажува дека човечкото мерење (и воопшто нашиот обид за согледувањето на светот) е многу ограничено.

Неговата научна работа ќе ја обележат и соработката со најистакнатите научници од тоа време: Ајнштајн, Шредингер, Планк, Паули, а со данскиот физичар Нилс Бор ќе станат големи пријатели.

Бор го запознава на една повеќедневна конференција, што била прозвана „Боров фестивал“ во Гетинген во 1922 година, град на вили и градини на падините на Хајнберг. Првата средба ќе остане засекогаш врежана во сеќавањето на Хајзенберг. Во преполната сала Бор зборувал многу тивко, со мек дански нагласок.

По секоја грижливо склопена реченица, искрснуваа долги низи од масли, од кои беше изговорен почетокот, додека крајот се губеше некаде во полутемнината – за мене, многу возбудливо филозофско размислување – подоцна ќе запише Хајзенберг во својот дневник.

Она што најмногу го фасцинирало кај неговиот ментор била способноста да го почне размислувањето со претпоставките кои содржат противречности. Според неговите зборови, квантната механика, тогаш се уште револуционерна и контраинтутивна за бројните физичари од стариот ков, па и за самиот Ајнштајн, Бор ја употребувал како што сликарот се служи со бојата и четкичката. Бојата и четкичката никогаш не ја одредуваат сликата; бојата не е стварност. Но доколку човек, како уметникот, ја има претходно сликата пред духовните очи, тогаш тој со помош на бојата и четката, можеби и несовршено, може и на другите да им ја направи видлива.

Хајзенберг и Бор

Својот свет, мисли и сништа, Нилс ќе ги подели со Хајнзенберг, а долгите повеќегодишни прошетки по Копенхаген и престојувањата во неговиот дом ќе го облагородат секој сегмент од нивните животи, најмногу научниот. Се расправало за уметноста, јазикот, филозофијата, па и за смислата на животот. Подоцнежните расправи завршувале со зајадливата забелешка на Нилс дека нема смисла да се каже дека животот нема смисла. Сепак, на крајот се враќале на единствената љобов, квантната механика, чии страници засекогаш ќе останат испишани со мислите и делата на двајцата великани.

Оваа бајка ќе добие заплет во есента 1941 година, кога Хајнзенберг заминал да одржи предавање во Копенхаген на повик на германската амбасада. Тој настан во наредните децении ќе биде предмет на разни шпекулации. Според сеќавањето на Хајзенберг, приказната за атомската бомба и уранот била почната на патот кон куќата на Бор. Во својата автобиографија пишува како го убедувал Бор дека за тоа се потребни огромни технолошки инвестиции, и дека Германците не биле блиску до правењето атомска бомба. Веднаш по првите наговестувања, Нилс бил изненаден од ова сознание, а и резигниран поради германските трупи кои ја окупирале неговата земја. Наводно, Хајзенберг не стигнал да ја раскаже другата страна, таа што не се однесувала на политиката на Рајхот, туку само на науката.

Хајзенберг ја водел програмата за германско нуклеарно вооружување за време на нацистичкиот режим, но останало непознато во колкава мерка ја поддржувал оваа идеја.

Разговорот помеѓу Бор и Хајзенберг бил обработен и во драмата на Мајкл Фрејн Копенхаген. Многу години по војната тој ќе напише дека му било навистина тешко заради тоа што германските научници биле изолирани и затоа што морал да го прекине пријателството со Бор.

Во 1942 година, владата на Германија ќе одлучи работите на реакторот да продолжат во значително помал обем. Проектот изградба на атомска бомба барал многу време и пари кои Третиот Рајх не можел да си ги дозволи. Во врска со тоа, и Анштајн изјавил дека не би го пишувал писмото до американскиот претседател Рузвелт доколку знаел дека Германците нема да успеат да направат бомба. Многу историчари тврдат дека постоел пасивен отпор од страна на германските физичари во креирањето на ужасот и стравотиите кои ќе ја погодат Хирошима на крајот на војната.

Во прилог на таа теза говори и случајот Фарм Хол. На ова место во Англија, во 1945 година на краток период биле заробени десет германски физичари, меѓу кои и Хајзенберг, кој наводно бил фатен последен. Со нив не се постапувало како со затвореници. Напротив, научниците ги продолжиле расправите и трудовите, како да се наоѓале во некоја лабораторија. Кога им било кажано дека била фрлена атомска бомба, тие занемеле. Хајзенберг запишал како стравувал дека Ото Хан ќе изврши самоубиство, поради откритието за делење на ураниумот, пронајдок кој овозможи правење на атомската бомба. Тој сепак нема да го направи тоа, и не само тоа, туку ќе стане првиот претседател на друштвото Макс Планк во повоената Германија.

Хајзенберг пишува како во тогашните разговори констатирале дека за поединецот кому научниот или технолошкиот напредок му поставил важна задача, не е доволно да мисли само на таа задача, туку дека решението мора да го согледа како дел од големиот развој, односно, дека мора да постои одговорност на научникот за раководење со науката и пронајдоците во општествениот контекст.

Нилс Бор

Контроверзниот состанок ќе се обиде да добие свој епилог во 1947 година кога британскиот офицер во прва поволна прилика го организирал тајниот состанок помеѓу Хајзенберг и Бор во Копенхаген, за да се присетат на деталите од разговорот во 1941 година. Тој сакал да собере податоци за нивниот таен состанок, под изговор дека Советите планираат киднапирање на Ото Хан и Хајзенберг. Германскиот физичар во таа прилика кажал дека дијалогот избледел во нивните сеќавања. Дополнително, Бор не можел да се сети на ниту една поединост која би била круцијална за расплеткување на клопчето. Така мистеријата за нивната средба ќе остане како пламенче оган што гори до денешен ден.

Трудовите, консултациите и соработката со Бор ќе се обноват повторно во Копенхаген и тоа летото 1952 година кога групата најеминентни научници ќе се собере заради изградба на најголемиот акцелератор на честички во Женева, кој подоцна ќе ги потврди бројните теории од доменот на квантната механика.

Оваа историска средба сигурно засекогаш ќе остане во знакот на Хајзенберговиот принцип на неодреденост: само што помисливме дека ги фативме фактите, ни се измолкна суштината.

Извор: http://daninauke.me

ОкоБоли главаВицФото