„Луѓето што ги тепам ме мразат зашто сум поинаков“

20.09.2016 08:02
„Луѓето што ги тепам ме мразат зашто сум поинаков“

Скопје, 20 септември 2016

16-годишниот Зоран Георгиев, ученик во средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје, во писмото кое го испрати до редакцијата на Пара вести ја отвори душата за тема за која многумина не се осмелуваат да проговорат.

Убедени сме дека и вам, како и на сите нас во редакцијата, зборовите на ова младо момче ќе ви ги насолзат очите. Писмото на Зоран го објавуваме во целост:

„Јас сум Зоран, учам во средно училиште, но иако сум млад, уште сега можам да забележам една негативна појава која ми се случува не само мене, туку и на многу други врсници. Имено, луѓето кои ги тепам на спортски натпревари, на геј паради и на училиште ме мразат само заради една работа. А тоа е затоа што не сум како нив, кои не го прават тоа. Да се биде поинаков можеби е привилегија опишана само во мотивационите книги, но кога во пракса сакате да клоцнете некој геј во стомак, осудата од околината е толку силна, што понекогаш посакувам да не постојам. Претепувањето гејови и противнички навивачи ми помогна да станам подобар човек. Сега сум многу посмирен, децата кои не ми ги даваат своите пари за ужина ги тепам сè поретко, а старците само ги шамарам или ги клоцам во задник кога ќе ги видам на улица. За жал, луѓето во мојата околина не умеат да го ценат сето тоа, а имам впечаток дека луѓето кои ги тепам ме гледаат со презир. Не знам зошто е тоа така.

Изгледа дека денес е срамота да се прошеташ до стадион во група луѓе кои се поинакви само затоа што сакаат да се изборат за истите права кои треба да ги имаат сите останати, а тоа е да можат да му го скршат носот на некој геј или феминизиран хипстер. За жал, живееме во општество кое само сака да осудува нешто, како да нема попаметна работа, како на пример, искалување на бесот врз случаен минувач поради вишок енергија. Каде води сево ова? Не сакам да живеам во држава во која ме мразат сите што не мислат како мене. Сакам да живеам во земја во која не е срамота да претепаш геј!“

Извор: www.njuz.net

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото