1010 hPa
73 %
20 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 10:59
Краткиот документарен филм на напишан и режиран од фотографот Сашо Димоски, „Брод тргнат кон немерливото“, е посветен на Игор Исаковски, автор и основач на „Блесок“, кој во 2014 година почина на 44-годишна возраст. Вчерашниот датум, 19 септември, требаше да биде 46-тиот роденден на Игор.
„Иако замина на само четириесет и четири години, Игор зад себе остави шеснаесет издадени книги, од кои десет се збирки поезија.[…] Тој не беше само плоден автор, неуморен преведувач од англиски, српски, хрватски, босански, тој беше и основач на културната институција и издавачка куќа „Блесок“. Игор беше идејниот творец на електронското списание „Блесок“, едно од најстарите електронски списанија за култура во Европа, преку кое, пионерски и визионерски, ја ширеше македонската култура низ светот, а светската култура ја носеше во Македонија“, пишува во описот на видеото објавено на Јутјуб.
Во документарецот учествуваат Јовица Ивановски, Елизабета Баковска, Тихомир Јанчовски и Тони Димков.