Радио МОФ организира конкурс и го најавува твојот #ОдличенПроект

20.09.2016 15:15
Радио МОФ организира конкурс и го најавува твојот #ОдличенПроект

Радио МОФ организира награден конкурс за најдобра фото-приказна на тема „Пресечи лента на твојот #ОдличенПроект“.

Право на учество имаат сите граѓани кои ќе достават фотографија со некој напуштен, заборавен, руиниран или неискористен јавен простор со потенцијал за креативен зафат (јавна локација, запуштен објект и сл.). Заедно со таа фотографија, Ваша цел е дополнително преку текст да дадете своја идеја – визија како да се уреди и заживее тој простор.

Односно, преку текстот да замислите свој #ОдличенПроект (парк, културно или урбано катче, нов образовен објект, цветна градина, станбен блок, социјален центар, дрворед, платформа, вертикална инсталација, креативни светилки итн..). Нема ограничување на идеи за исполнување на просторот од фотографијата!

Ако активизмот и граѓанската свест се раѓаат на локално ниво, тогаш граѓаните се одговорни и должни да бидат дел од процесот на социјално-културно „пркнување“ на околината.

Затоа, Ве поттикнуваме да се ангажирате и преку испратените фогографија + текст да оставите личен белег, одржливо и функционално решение. Со тоа, ќе учестувате во создавање на сопствена идеална околина, а притоа да тргнете од проблемите во соседството, маалото, градот, каде почнува дејствувањето на заедницата и настануваат прогресивни проекти.

Вашата фото-приказна треба да содржи 1 фотографија со 1 текст. Фотографиите не треба да бидат поголеми од 20 мегабајти, а текстот треба да биде напишан на македонски јазик, најмногу до 25 редови во Ворд.

Најдобрата фото-приказна/текст ќе ја бираат читателите и комисијата од Радио МОФ. Пристигнатите апликации ќе бидат објавени во посебна рубрика на Радио МОФ, каде ќе може да се гласа за нив.

Фото-приказните треба да се испраќаат со име и презиме или под псевдоним, заедно со телефонски број на info@radiomof.mk, а со назнака за „Награден конкурс за #ОдличенПроект“.

Конкурсот се отвора на 16 септември, а краен рок за испраќање на текстовите е 23 септември, до полноќ. Гласањето се отвора на 24 септември, а трае до 27 септември, напладне.

Најдобрата фото-приказна како награда ќе добие мобилен телефон Huawei P8 Lite, за второто место е предвиден HDD External 2.5″ 1TB USB 3.0 Western Digital MyPassport, додека третопласираното дело ќе биде наградено со Power Bank Platinet Portable for Smartphone and Tablet 13000mAh (сите се прикажани сликите подолу).

Со конкурост, Радио МОФ ја затвора кампањата #Одличен проект, во чиј фокус изминатово лето беа теми за уметност, активизам, будење на граѓанската свест, слобода на изразување.

Повикот е отворен и спроведен од Радио МОФ, а поддржан од National Endowment for Democracy.

Слични содржини

Активизам / Јавни простори / Фотографија
Активизам / Јавни простори / Фотографија
Општество / Активизам / Јавни простори / Фотографија
Општество / Активизам / Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Општество / Активизам / Фотографија / Став

ОкоБоли главаВицФото