1010 hPa
64 %

20 °C
Скопје - Пет, 25.04.2025 10:59
Прес конференција на Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ
Се наоѓаме на местото на злосторот, Скопското Кале.
Овде, во 2011 година, Никола Груевски, Паско Кузман, и нивниот коалиционен партнер Артан Груби, се обидоа да внесат раздор во меѓуетничките и меѓуверските односи во Македонија.
Во 2013-та ветија дека ќе изградат решение кое што ќе го врати соживотот меѓу Македонците и Албанците. Ветија дека пред три години ќе бидат готови музеите на праисторискиот, средновековниот и на отоманскиот период.
Денес, пет години по инсценираната меѓуетничка пресметка, Скопското Кале не е знаменитост што го краси Скопје. Скопското Кале не е место со сувенирници, со современ пристап за сите туристи, за сите оние што сакаат да уживаат во културното наследство на градот Скопје.
Скопското Кале е место на запуштеност и на забранет пристап. Како што можете и сами да видите, Скопското Кале е обраснато во густа трева. Нема ни места за одмор, а на туристите им е ограничен пристапот дури и до набљудувачниците и кулите.
Ќе одговарате за злосторството што го направивте врз културното наследство со Скопското Кале!
Ќе одговарате за тоа што Скопското Кале го претворивте во симбол на лагата, негрижата и злоупотребата на културното наследство за партиски цели!
Извор: Мактел