(ВИДЕО) Мирчевски: Инфраструктура за велосипеди, еколошки градски превоз и повеќе зелени површини

23.09.2016 10:05
(ВИДЕО) Мирчевски: Инфраструктура за велосипеди, еколошки градски превоз и повеќе зелени површини

По повод 22 септември, Светскиот ден без автомобили, Пеце Мирчевски, член на Извршниот одбор на СДСМ, во изјава за медиумите најави дека најголемата опозициска партија ќе се залага за зголемување на зелените површини во Скопје и ќе преземе мерки за намалување на загадувањето во главниот град.

„Тука сме денес на улиците на Скопје, на денот кога автомобилите ги заменуваме со велосипеди, во склоп на дефилето на Eвропската недела на мобилност.

Во градот кој e еден во најзагадените во Европа и пошироко, во градот во кој секој ден имаме сè помалку зелени површини поради лошото урбанистичко планирање, во градот во кој секој ден се сечат дрвjа заради дивеењето на урбаната мафија, во градот во кој не се дише.

Квалитетот на животната средина и квалитетот на воздухот што го дишеме се фактори кои влијаат врз нашето здравје. Тука сме ваквиот начин на здраво живеење да го поддржиме и се разбира, нашите заложби ќе бидат ова да се постигне.

Изградбата на инфраструктура за возење велосипед, поддршка на еколошкиот градски превоз, зголемувањата на зелените површини во градот Скопје ќе бидат наши приоритети за зачувување на животната средина и за квалитетен воздух за дишење.“

Извор: Мактел

ОкоБоли главаВицФото