Блескав „пајак-огледало“ со мозаично тело кое рефлектира светлина

25.09.2016 16:41
Блескавиот „Огледален пајак“ и неговото мозаично тело кое рефлектира светлина

Во изминатите неколку години, фотографот Ники Беј внимателно го следи блескавиот чудесен членконог познат како „пајак-огледало" (научно: „Thwaitesia argentiopunctata“).

Фотографот кој живее и работи во Сингапур својот макро објектив го фокусира на ова мало суштество чие тело е обвиткано во сребрени, мозаични панели кои рефлектираат светлина. Од одредени агли, инсектот изгледа како да е облечен во минијатурни, блескави циркони.

Со продолжената и опсежна документација, Беј забележал дека овие суштества го менуваат изгледот во зависност од околностите на животната средина. Се чини дека „сребрените плочки" на стомакот се намалуваат кога пајакот е вознемирен (или можеби кога претчувствува некаква закана)“ – пишува тој, „откривајќи го вистинскиот изглед на стомакот.“ Во нормални услови, сепак, истите овие панели се шират и се претвораат во „речиси униформирана рефлективна површина.“

Беј продолжува да го ажурира блог постот за огледалните пајаци, проект кој го започнал во 2013 година. Во прилог на овој проект тој исто така опфаќа и голем број други фасцинантни бубачки кои ги споделува на Flickr.

Извор:www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото