(ФОТО) Протест за поддршка на СЈО, граѓаните порачаа дека е готово со режимот

27.09.2016 13:07
(ФОТО) Протест за поддршка на СЈО, граѓаните порачаа дека е готово со режимот

Со запалени факели околу пораката „Вашето време помина – СЈО o`clock“ нацртана на асфалтот пред македонското Собрание, заврши собирот на Шарената револуција за поддршка на Специјалното јавно обвинителство.

„Цел свет се смее каква правда овде владее“, „Ова судство е катаклизма“, „Браво за Катица, многу ќе се возат во марица“, „Специјален суд за специјална мафија“, „Јанева мојот херој“, беа некои од пораките кои можеа да се видат меѓу присутните на собирот кој траеше час и половина.

Протестот помина со зголемено присуство на полицијата, но не беа забележани никакви инциденти.

Во продолжение, ја пренесуваме атмосферата од протестот преку фотографиите на Ванчо Џамбаски.

ОкоБоли главаВицФото