Автоглед

27.09.2016 15:47

Сега е лесно!
Кругот е исцртан, кулата во зборот извишена,
подготовките за претстава дамна привршени.
Низ јазикот самогласен кораби запловија
кон карпата за скок, лузна во бескрајот,
да го пронајдат изгубениот клуч за зборот,
цврста котва за ное во говорот разбрануван.

Очната инка ги собира глосите,
трошки од тајната вечера
на пространото небесно платно.
Бидува столисник да заболскоти
дури ’ртка лае во далечината,
и лаѓа труби во широчината,
дури перо паѓа од височината
и риба скокнува од длабочината
покрај лотосот, логосот разбуден.

*(Песната е спој од наслови и стихови)

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото