Што вас не уби Тута Бугарин!

28.09.2016 02:15
Што вас не уби Тута Бугарин!

Главни ѕвезди, луѓе околу чии имиња се „кршат“ македонско-бугарските односи во овој момент се двајца локални колоси на балканското лудило. Едниот од Скопје, другиот од Софија.

Извесен Динко В’лев, најпознат ловец на мигранти во Бугарија, јавно се пофалил дека тргнува во лов на Миленко Неделковски и дека ќе му ја скршел колата со чекан, откако нашиов абдал со чекан го искрши споменикот на загинатите бугарски војници на Кајмакчалан.

Не го знам тој Динко, но добро го знам кукавицата Миленко и би се обложил дека двајцата се иста сорта. Па така, наместо тепачка, очекувам овој најавен двобој сепак да заврши со некаква мрсна вечера во некоја паланечка кафеана, можеби со јарешко од фармата на нашиот козар, географ, филозоф и идеолог на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури и самиот Динко претпазливо вели дека немало да има судир, бидејќи Миленко физички не бил негова „лига“, туку бил „глушец плашливец“. Толку од нашите големи „јунаци“.

Кога слушам вакви курчења, ми доаѓа на ум една реплика од позната серија „Камионџии“ со Пајо и Чкаља - ах, што вас не уби Тута Бугарин!

Извор: Плусинфо
Слика: Свирачиња