Франција ќе ја забрани употребата на пластични садови и прибор за јадење

28.09.2016 12:18
Франција ќе ја забрани употребата на пластични садови и прибор за јадење

Во рамките на Законот за енергетска транзицијата за зелен раст, од 2020 година Франција ќе ја забрани употреба на пластични садови и прибор за јадење, освен биоразградливата пластика. Но, сите не ја поздравуваат оваа иницијатива, и бараат реакција од Европската комисија поради прекршување на прописите за слободен проток на роба.

Законот донесен во август 2016 година, е една од серијата мерки кои Франција ги презема во борбата против глобалното затоплување, пишува порталот Express.live и истакнува дека од 1 јануари 2020 година ќе биде дозволена употреба само на биоразградлива пластика.

На планот на Франција се противи Pack2Go Europe, организација со седиште во Брисел која ги застапува европските производители на амбалажа и бара итна реакција од Европската комисија.

„Бараме Европската комисија веднаш да преземе законски мерки против Франција за кршење на европските права“ – изјави Ејмон Бејтс, генералниот секретар на Pack2Go Europe.

Франција го крши европскиот закон за слободен проток на роба, вели организацијата, додавајќи дека, доколку Европската комисија не реагира, акцијата на судот ќе го спречи спроведувањето на планот.

„Нема никакви докази дека органскиот материјал може да создаде дополнителна еколошка вредност“ – вели Бејтс, и предупредува дека проблемот би можел да стане поголем, бидејќи повеќе отпад ќе заврши во природата, затоа што потрошувачите ќе веруваат дека е дозволено немарно фрлање на биоразградлива амбалажа.

Францускиот политичар Араш Дерамбаш, градски советник во општината Курбевуа во Париз, кој веќе успешно водеше кампања за забрана на супермаркетите да ја фрлаат непродадената храна, смета дека проблемот на рециклирање е општ европски проблем.
„Проблемот на рециклирање постои во сите европски земји“ – изјави Дерамбаж за британскиот весник The Independent.

„Таков закон треба да изгласаме во сите европски земји, со цел да се фатиме во костец со огромниот проблем на отпадот“ – изјави тој.

Францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека забраната за пластичен прибор е само дел од големата операција со која Франција „сака од себе да направи земја која ќе биде пример во процесот на намалување на емисијата на гасови со правење на стакленици за диверзификација на енергетските извори и поголема употреба на обновливите извори на енергија.“

Извор:znanost.geek.hr

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото