Јавни простори доловени од неочекувана перспектива

30.09.2016 01:38
Јавни простори доловени од неочекувана перспектива

Уметницата Кетрин Корфман се занимава со фотографии, видеа и инсталации. Во нејзината работа таа се фокусура на концептот на кадрирање, перспектива, и на социјалните димензии на перцепцијата.

Работниот простор во кој Корфман се изразува се јавните места каде што таа ги следи општествените собири, ритуали или настани и истите ги фотографира од непознати перспективи, сите во еден уреден аранжман. Катрин Корфман израснала во Берлин, а живее и работи во Амстердам. Студирала на академијата „Ритвелд“ во Амстердам, каде специјализирала на катедрата за фотографија и ги продолжила своите континуирани истражувања на акедемијата Ријкс во Амстердам и кинеско-европскиот уметнички центар во Ксиамен, Кина.

Нејзиниот проект претставува визуелна претстава која ги нагласува социјалниот реализам и еуфоричниот утопизам, реферирајќи на визуелната и материјална леснотија на социјално обединувачките ритуали.

Наместо да прикажува збир на лица кои независно се движат, Корфман во нејзините најнови дела претставува луѓе кои се спојуваат во едно битие. На различни места низ светот се фотографирани колективни ритуали: настани одржани во атмосфера на индивидуална еуфорија во која бојата, или колоритната облека, ја раствора индивидуалноста.

Високо естетски аранжираниот проект ги прикажува социјалниот реализам и еуфоричниот утопизам, дејствувајќи во средиштето на глобалниот настан, катализирајќи го визуелното предавање на истиот во кое се рефлектира и глобалното и локалното како игра, и катализира подлабока контекстуална писменост.


 

Извор: www.ignant.de

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Книжевност
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото