Работниците одбиваат да ја срушат иконата на бруталистичката архитектура на Сиднеј

30.09.2016 14:15
Работниците одбиваат да ја срушат иконата на бруталистичката архитектура на Сиднеј

Граѓаните, сопствениците на становите, но и оние што треба да го спроведат уривањето, се здружија во протестите за да се зачува зградата „Сириус“ во Сиднеј.

Објектот „Сириус“ претставува икона на брутализмот на сиднејската архитектура од периодот на модерната во седумдесеттите години на 20 век. Изграден помеѓу 1978 и 1979 година, објектот е дело на архитектот Tao Gofers, а како што истакнале нејзините бранители, зградата „Сириус“ покрај тоа што е важен дел од историјата на архитектурата на Сиднеј, таа е еден од последните станбени комплекси во тој дел од градот.

 

Споменатиот објект стана мета на уривање поради неговата локација, која нуди одличен поглед на Сиднејската опера.

Владата на Нов Јужен Велс во јули оваа година одлучила да ја избрише зградата од регистарот на заштитени објекти. Набргу потоа била донесена одлука за предлог за уривање на комплексот и правење простор за изградба на нови деловни објекти. Оваа одлука предизвикала гнев и тоа не само меѓу станарите на оваа зграда.

 

Најголемата австралиска унија за градежништво, шумарство, рударство и енергетика (CFMEU) им забрани на своите членови да ги користат булдожерите за уривање на зградата „Сириус“, пишува Quartz. Така, станарите и уривачите застанале на иста страна!

 

И покрај масовната поддршка од граѓаните, станарите и љубителите на архитектурата, министерот за животна средина Марк Спикмен истакнал, со убедување, дека зградата претставува „застарена архитектура“ и зазема многу важна локација.

 

Синдикатите на работниците во Сиднеј успевале досега да одбранат повеќе јавни простори и објекти кои се дел културното наследство, па и во овој случај се надеваат на победа. Оваа стратегија на дејствување во Австралија се нарекува green bans.

Извор: Порта 3

ОкоБоли главаВицФото