Катица: Како Харолд Пинтер сум!

03.10.2016 18:23
Катица: Како Харолд Пинтер сум!

Офаманаман: Катице, ќе сакате ли за читателите на Офаманаман да кажете како ги измислувате сиве овие работи против Сашо!?

Катица: Ех, како, не би можела сè да ви кажам, нормално, но, еве, во интерес на истрагата, ќе речам дека секогаш се започнува со Заев, тој ќе ми каже некое зборче, кое било зборче, да речеме „трезор“ и после јас на тоа зборче си надоврзувам цела приказна, како Пинтер сум, цела пиеса можам да напишам од еден збор.

Офаманаман: Просто не ни е верно дека толку лесно оди таа работа!?

Катица: Ех, лесно, како лесно, не е лесно, пред да си легнам се преиспитувам дали сум направила сè што е во мојата моќ да ги доведеме Заев и опозицијата на власт, потоа планирам како да измислам нешто против Сашо, оти ако не му напакостам тој е без конкуренција најдобар и никој нема шанса против него во политиката, чист е како Солза, никој ништо не му може, потоа, кога ќе се разбудам, додека се шминкам, постојано си го повторувам зборчето што ми го има кажано Зоки и тука почнувам да си ја плетам приказната против Сашо, де опрема за прислушкување купил, де лапнал или дал провизија, тоа секогаш ми изгледа возбудливо, де разни други типови ќе земам да ги вклучам, кој од меверето, кој од вемерето, кој од дебекато, кој од ујпито, после тоа одам на работа, обично ќе ме пречекаат Фатиме и Верче и веднаш ќе почнат да ми кажуваат какви се работи против Сашо тие измислиле во текот на ноќта, ама јас им викам, не, не, не, сè е наредено, викајте прес во десет, ќе ја кажеме мојата имислица, викајте ги новинарите, тоа е Тричко, Зоки не може сам, мораме да му помогнеме, да немаш и ти некое зборче, вечер решив да измислувам нешто за Сузана?!

Офаманаман: За Сузана!?

Катица: Да, бе, за Сузана, денеска е модерно, кога човек сака да каже нешто важно, да се изразува на српски, како Русите на француски кај Толстој, ти текнува!?

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Свирачиња (врз фотографии од филмот Reservoir Dogs)