Хемија, другари, хемија ви фали!

03.10.2016 18:52
Хемија, другари, хемија ви фали!

Еве неколку биохемиски препарати кои, според Институтот за политичка хемија во Визбаден, можат да и’ овозможат на опозицијата да му се намести на граѓанството како ножето на Сузана Манчиќ во патиките „Топ шоп“:

1. Одмазда за уништениот општествен, државен и национален амбиент, со назнака дека одмаздата е библиски и старозаветно втемелена реакција на очовечениот човек, чин што го очовекува човекот, односно не го понижува.

2. Одмазда за личните и фамилијарни трауми на страдалниците на фашистичкиот режим на ВМРО, овој пат во таа лична перспектива.

3. Културен и правосуден прогон на злото што го предизвикаа и што го симболизираат, комплетна и радикална девмровизација.

4. Растурање на сите економски, финансиски и секакви други општествени основи на инсталацијата на злото.

5. Посебно, конфискација на имотот што е резултат на злосторничката активност, независно од тоа колку таа успеала да се озакони.

6. Прогласување на комплетниот правен систем на злото за антиправно и антицивилизациско наследство.

7. Тоа сакаат да го чујат луѓето пред да тргнат на барикадите против злото на ВМРО, не пред парадните кутии, да ви го начукам у кутиите, гласачки.

Не е сè во социјалниот интерес на луѓето: поголеми пензии, поголеми субвенции, поголеми кредити и бесповратни средства за почетни бизниси, поголеми плати, помали давачки...

Дотолку повеќе што луѓето што имаат задржано минимум здрав разум, знаат дека се работи, главно, за петтооделенски тралалајки.

Но, дури и да не е така, дури и да се сите тие проекции работа на детални макроекономски анализи, точни, прецизни и остварливи, тоа рајцање по интересот на граѓаните за замена на крпениот живот со достоинствен живот, не е доволен да произведе позитивна и подбуцнувачка хемија, за некаква експлозија, каква што, всушност, ни треба, да не говориме.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби