Охридските хотели некогаш

03.10.16 21:45

Како изгледале охридските хотели во минатото?

Некои од хотелите, вилите и мотелите на фотографиите подолу одамна се срушени и не постојат, некои се изменети и сè уште ги има, а на многумина ќе им ги освежат старите добри спомени.

Ќе започнеме од хотелот „Радиќ“, еден од најстарите хотели во Охрид кој се наоѓал на самиот плоштад во срцето на градот.

Еден од најзначајните хотели во градот кој бил бренд на Охрид е популарниот хотел „Палас“. Некогаш збирно место за елитата, забавата... Во хотелот „Палас“ често доаѓал и Јосип Броз Тито.

Хотелот „Палас“ денес e заштитен споменик на културата, но привршуваат сите постапки за негово реновирање и рестартирање, вест што најмногу ги радува охриѓани.

На самиот кеј со својата убавина пленел хотелот „Белви“, автентичен, со необични кружни прозорци, со посебен урбан сјај.

На кејот на Охридското Езеро уште една охридска легенда: некогашниот хотел „Турист“, градба која воодушевува.

Некогашното одморалиште „ПТТ“ на самиот кеј до денешниот хотел „Тино“, за жал, денес руина.

Поглед од „Вила Гинек“ кон култната Летница на градскиот плоштад, по охридската чаршија.

Одморалиште „Злетово“ во близина на малиот плоштад Охрид.

Вила „Мал Париз“ по охридската чаршија.

Денешниот хотел „Инекс“ во осумдесеттите години со полн сјај.

Хотел-одморалиште „Застава“.

Хотел-одморалиштето „Орце Николов“ во населбата Свети Стефан, кој постои и денес.

Хотелот „Славија Свети Стефан“ и денес постои, но не работи откако го купи индискиот бизнисмен Субрата Рој.

Хотел „Летница“ во туристичкото село Пештани (0денешниот хотел „Десарет“).

Извор: ohridnet.com

ОкоБоли главаВицФото