Модни и животни стилови 2017 +

04.10.2016 11:42
Модни и животни стилови 2017 +

Ви ги презентираме модните и животните трендови за претстојната сезона, кои кај нас ќе доминираат подолго време. Трендовиве важат само за елитата и прилагодени се за одредени вип-простори во кои не секој ќе има пристап. Ако успеете да се најдете во таа средина, услугите се целосно бесплатни!

 

 Комплет што задолжително треба да се најде во сечиј гардеробер! Материјалот нека биде квалитетен, ќе треба да служи повеќе сезони. 


Модни додатоци со кои можете да ја освежите и вашата застарена облека. Најдобро прилегаат на облека во риги, но добро одат и со портокалово. 

Ви следува бесплатен стајлинг. Во тренд ќе биде што е можно пократка коса, од естетски и хигиенски причини. 

Вежбањето и одржувањето во форма и понатаму е ин, особено ако сте претерувале со службени ручеци и вечери. 


Најдобро се станува фит со природни активности; не се стеснувајте да земете лопата в раце! Оваа активност и до сега беше во тренд, па ако не сте ја практикувале, време е да почнете; особено ако имате политички амбиции.
 

По напорната работа веднаш под туш! За да ви биде попријатно, практикувајте туширање со ладна вода и во друштво. 


Мора да обрнете внимание и на исхраната. Препорачуваме посни чорби, за вас и за пријателите; најдобро е сами да ги приготвувате (тоа ќе има позитивно влијание и врз вашата физичка форма).
 

Искористете ја можноста за бесплатно надградување на вашето образование по најсовремени меѓународни стандарди. Истовремено ќе се социјализирате и ќе минувате време со другарчињата. 

Читањето пред спиење е одлична замена за технологијата. Заборавете на ајфоните и релаксирајте се со квалитетно четиво. 

Не ја занемарувајте ни духовната страна. Не морате да одите во црква, попот редовно доаѓа кај вас и врши бесплатна богослужба. Во оваа активност веројатно ќе уживате бидејќи сте длабоко религиозен и со високи морални вредности. 

За крај, но не и најмалку важно, споделувајте ги искуствата со другарчињата, разменувајте тренд-совети и уживајте!

ОкоБоли главаВицФото