Протест пред амбасадата против забраната на абортусот во Полска

04.10.2016 13:23
Протест пред амбасадата против забраната на абортусот во Полска

Поддршка на жените во Полска поради одлуката целосно да се забрани абортусот вчера дадоа македонските активисти кои излегоа на протест пред амбасадата на Полска во Македонија. Протестот, наречен „Црн понеделник“ (Black Monday),

На протестот наречен „црн понеделник“ демонстрантите со себе носеа транспаренти на кои пишува „Мое тело, мој избор“, „Надвор од мојата матка“, „Солидарност“. Активистите ги закачија транспарентите на амбасадата. Со ова тие се приклучија на протестите кои се случија во повеќе градови во светот.

Поддршка на жените во Полска дадоа и политичарки од опозицијата.

Вчера илјадници жени во Полска не се појавија на работа, најавија дека ќе се откажат од работи во домаќинството и ќе апстинираат од секс како протест поради планираните законски измени во земјата за криминализација на сите абортуси.

Жените цел ден беа облечени во црно во знак на одбивањет на предложените измени на законот за абортус, а преку воздржувањето од секакви активности, целта е да ја запрат полската економија.

Доколку стапат на сила новите измени, сите абортуси би биле криминализирани и жените што би абортирале би се соочиле со затворски казни до пет години. Со затвор би се соочувале и медицинските лица кои би го вршеле или помагале абортусот.

Полска и досега имаше еден од најрестриктивните закони за абортус во Европа. Прекинот на бременоста беше дозволен само во рана фаза кога е загрозен животот или здравјето на мајката, кога има веројатност бебето да има трајни последици по здравјето и во случај кога бременоста настапила како последица на силување или инцест.

Извор: НоваТВ