Почина легендарната Љупка Димитровска

04.10.2016 18:24
Почина легендарната Љупка Димитровска

Македонската пејачка Љупка Димитровска почина вчера на 70 години по куса и тешка болест, јави Унијата на хрватски музичари.

Љупка Димитровска е родена во Скопје во 1946 година и беше великан на забавната музика на просторите на поранешна Југославија, а врвот на нејзината популарност беше во 70-тите и 80-тите години од минатиот век.

Првиот албум на Димитровска, која сè до нејзината смрт живееше и работеше во Загреб, беше насловен „Љупка“ и објавен во 1975 година. За речиси половина век на музичката сцена, таа остави многу хитови, од кои најголем дел беа напишани од нејзиниот покоен сопруг Никица Калоѓерa. Како уметница се афирмираше не само во бивша Југославија, туку и во Источна Германија, Чехословачка, Грција, Франција и многу други земји.

На македонски јазик, најголем хит на Љупка Димитровска беше „Ѕвонат, ѕвонат“. Со песната „Адио“ освои прво место на фестивал на Атина во 1970 година.

Освен на македонски, Димитровска сними песни и на српскохрватски, германски, па дури и на јапонски јазик. Во продолжение, пренесуваме дел од песните кои можеби не се нејзини најголеми хитови и не се најпознати меѓу публиката, но се подеднакво важни и возбудливи.

Клик Клак

Rede doch nicht drum herum

Schenk mir ein altes Grammophon (1975)

Es gibt keine Liebe mehr (во живо)

Чибу, чиба

Една мома чека (Скопје, 1971) 

 

Obećanje (на јапонски!) 

Извор: Jutarnji list, Сакам да кажам

Слични содржини

Книжевност / Култура / Музика

ОкоБоли главаВицФото