Дали ја научивме лекцијата од 6-ти јуни 2011?

05.10.2016 12:53
Дали ја научивме лекцијата од 6-ти јуни 2011?

На 6-ти јуни 2011 година започнаа масовните протести против полициската бруталност низ улиците на Скопје. Учествував на тие протести од самиот почеток - на собирот кај „Фонтана“, блокадата кај „Путник“, протестот пред ПС „Беко“... Секогаш кога ќе се потсетам на тие пост-изборни денови - протести, трибини, револтот против убиството на Мартин и тортурата и одмаздата врз Љубе - ми доаѓа горко чувство. Ми доаѓа на ум и народната поговорка „После свадба – тапани!“

Сите што протестиравме на и по 6-ти јуни 2011, да се активиравме само 6 месеци претходно, пред изборите – немаше да има тесна победа на ДПМНЕ, немаше да има ни убиство на Мартин, немаше Началникот и Латас да се изживуваат врз Љубе, немаше да има затворање на А1, критички медиуми, новинари, немаше да има „Црн понеделник“, немаше да има политички затвореници, немаше да почине Тамара, немаше да има толку мртви новороденчиња, немаше да има насилнички кампањи, украдени избори, немаше да има „ливче нека снема“ и МВРО-ВМРО, немаше да се укине автономијата на УКИМ, немаше да има украдени милијарди евра одлеани во странство, немаше да продолжи грабежот „Скопје 2014“, немаше да бидеме должни ко Грчка, немаше да се истураат милиони евра во куртон медиуми и новинари, немаше да има масовно прислушкување на илјадници луѓе, немаше да си заминат илјадници наши другарки и другари и роднини во странство...

Сега повторно ми доаѓа прашањето: Ја научивме ли лекцијата од 6-ти јуни 2011?

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото